Македонија

Расчистени патиштата во општина Илинден

Расчистени патиштата во општина Илинден

Сите локални патишта во Општина Илинден се проодни и по нив непречено се одвива сообраќајот, автобусите на јавниот превоз возат на редовните линии до крајните дестинации и немаше забележани прекини на електричната енергија.
.
Ова е накусо состојбата во Општина Илинден по паѓањето на првиот годинашен снег кој што создаде многу проблеми во повеќе делови од државата. Расчистените сообраќајници се резултат на активностите што Општина Илинден и ЈКП Илинден“, чии екипи веднаш по почетокот на врнежите се најдоа на терен и успешно се справија со снежната покривка. Најголем придонес во расчистувањето на снегот даде новото возило за зимско одржување на улиците и патиштата што годинава го набави Општина Илинден и го даде на стопанисување на ЈКП „Илинден“.

IMG_0159

Ова возило кое што за прв пат беше ставено во функција на расчистување на снегот, се покажа како исплатлива инвестиција. Со негова помош многу брзо беа оспособени главните сообраќајници низ населените места и пристапите од автопатот кон Општината.

На сите локални патишта е фрлена сол и ризла. Екипите на ЈКП „Илинден“ работат на расчистување на пристапите кон сите основни училишта, како и средното училиште во Општината, амбулантите, и други јавни установи, а се чистат и тротоарите за да се овозможи безбедно движење на пешаците.

IMG_0175