Расчистени три насилства во кои и тепачите и тепаните се средношколци

Полицијата во последниве денови расчисти три насилство кои средношколци напаѓале своите врсници или помали. Познати се насилниците кои нападнаа малолетници во дворот на училиштето „Арсениј Јовков“, пред ПТТ и во автобусот со број 65-ка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 15-годишните Е.З.  и Е.К. го нападнале врсникот  Б.Д. во дворот на СУГС „Арсени Јовков“. Насилниците, ученици во втора година го нападнале Б.Д. кој бил прва година со со боксови и клоци во пределот на главата и телото. Тој успеал да избега во училиштето, но таму дошло уште еден постар ученик, најверојатно четврта година во истото училиште и го удрил Б.Д. во пределот на устата,  нанесувајки му видливи повреди.

Вториот случај е реализиран на подрачјето на  Гази Баба каде завчера  околу 18 часот на улица  Алија Авдовиќ на автобуската постојка, поточно во автобус со број 65 кој се движел во правец на село Стајковци, бил нападнат малолетникот  15-годишниот. Н.П. Тој бил нападнат од две лица, 17-годишниот А.Ш. и уште едно непознато лице.  Тие  без посебен повод и причина почнале да го удираат со тупаници во пределот на лицето, со што му  нанеле видливи повреди.

Во третиот расчистен случај, МВР ги идентификуваше напаѓачите кои вчера ги нападнаа 17-годишните С.А. и К.С. на автобуската станица пред ДСУ „Владо Тасевски“. Според инфромациите од МВР, 18-годишниот Е.С. од Долно Количани и две години помладиот Е.Б. од Батинци по жестока расправија ги нападнале малолетниците со тупаници.

Против сите напаѓачи ќе следат соодветни поднесоци.