Расчистена сообраќајката, нормализиран сообраќајот на патот Куманово- Крива Паланка

По 12 часот е нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка кај местото „Просечник“ пред село Псача, соопшти АМСМ.

Сообраќајот беше во целосен прекин поради сообраќајка од 8,15 часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

 Едно лице е полесно повредено во сообраќајната несреќа.

Од МВР  информира дека во несреќата учествувале две возила со бугарски регистерски ознаки, „опел зафира“ управувана од Б.П.Т. од Софија и „нисан“ управуван од македонскиот државјанин В.Ѓ.

Во несреќата В.Ѓ. се здобил со телесни повреди.