Расчистување

Затоа во право се тие кои велат: Ако изборите носат вистински одлуки, ќе бидат забранети. Затоа и изразот „политичка одговорност“ е наметнат од политичарите. Во граѓанското општество ПОСТОИ САМО СУДСКА ОДГОВОРНОСТ и кај нејзе затворската казна често се преплетува со финансиска (конфискација). За велепредавство пак во повеќето држави во светот казната е смрт.

Од каде е илузијата на македонските предавници, криминалци и терористи дека најтешката за нив казна ќе биде „политичка одговорност“? Пред сè, од досегашната практика. За изминатите 25 години ни еден политички функционер, пратеник, министер (со изклучок на Љубе Бошковски), да не зборуваме за премиер или претседател, не влезе во затвор.

ИЗЛЕГУВА ДЕКА ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПРОТЕКТОРАТ И КОЛОНИЈА, ЗА КАПИТУЛАЦИЈАТА ВО 2001 ГОДИНА, ЗА КРИМИНАЛНАТА ПРИВАТИЗАЦИЈА НЕМА ВИНОВНИЦИ? ИЛИ ПАК ТИЕ БЕА КАЗНЕТИ САМО ПОЛИТИЧКИ ПА ПОТОА ПОВТОРНО ПО НЕКЛКУ ГОДИНИ СЕ ВРАТИЈА НА ПРАТЕНИЧКИТЕ И МИНИСТЕРСКИ КЛУПИ.

И во последниве децении на Југословенската федерација КРУПНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ НЕ БЕА СУДСКИ КАЗНЕТИ. Туку ги префрлаа од една политичка позиција на друга, ги назначуваа за амбасадори, советници итн. Само што, тогаш во Федерацијата немаше невработени, граѓаните имаа висок просечен стандарт, пасошите им важеја за целиот свет и не им беше толку гајле кој функционер колку украл и што има, Но денес во сиромашна Македонија сè се гледа како на дланка. Се знае, како од голтар кој немал пари дури за сендвич, Љубчо Георгиевски стана крупен биснесмен. Се знае и за имотите на Бранко Црвенковски, и како во времето на „диктатурата на Груевски“ опозиционерот Заев се стекна со 12 милиони (сам призна) евра.

Еве само дел од официјално украденото од СДСМ во последните две години:

Прво,  15 месеци нивните пратеници добиваа плати од Собранието без да одат на работа;

Второ,  4 месеци нивните министри и заменици добиваа бадијала плати во техничката Влада;

Трето,  за една година нелигитимното СЈО потроши 4 милиони евра. Само месечната плата на Катица Јанева е 2.200 евра плус 400 евра за закупнина на стан (иако во Скопје таа има два стана) плус месечни бонуси. Значи, вкупно најмалку 3.000 евра. За споредба, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов зема 1.500 евра. Каде го има тоа во светот? – државен службеник да зема дупла плата во однос на институцијата Претседател на држава. Дали може амбасадорот Бејли да зема во година 800.000 евра, ако неговиот претседател Обама има 400.000?;

Четврто, моментно таборот на СДСМ повторно е во Владата, и повторно ќе троши државни пари, но и овој трет пат, пак ќе се обиде да избега од Избори.

Сите спомнати пари кои ги трошат предавниците од СДСМ доаѓаат од џебот на македонските граѓани.

ЗНАЧИ, СИТЕ НИЕ ГИ РАНИМЕ ШПИУНИТЕ И БАНДИТИ, КОИ ГИ ТРОШАТ НАШИТЕ ПАРИ – ПРОТИВ НАС И ПРОТИВ НАШАТА ДРЖАВА. СО ТОЈ ПАРАДОКС ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ ЌЕ РАСЧИСТИМЕ.

И да има избори на 11 декември, тие ќе бидат само политички чекор кон излез од кризата. Вистинскиот чекор ќе биде расчистувањето на содржината на кризата што беше наметна однадвор, со нејзините актери и сценаристи.

ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА БЕШЕ РАЗНИШАНА КАКО ИНСТИТУЦИОНО ТАКА И КАДРОВО. ТАА МОРА ДА СЕ ГРАДИ ПОВТОРНО ВРЗ МАКЕДОНСКА И ПАТРИОТСКА ОСНОВА.  ДОСЕГАШНИТЕ РУШИТЕЛИ НА ДРЖАВАТА ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ НА ИСТИОТ НАЧИН НА КОЈ ТИЕ НЕ КАЗНУВАА 25 ГОДИНИ.  ОД ТИЕ КАЗНИ НЕМА ДА МОЖАТ ДА ИЗБЕГАТ ПА ДУРИ И ДА СЕ СКРИЈАТ И НА „СКОПСКО КАЛЕ“. ЗАТОА ШТО И СВЕТОТ ОДИ КОН ЦЕЛОСНО РАСЧИСТУВАНЕ.