Над три милиони раселени во Ирак за 18 месеци

Над три милиони раселени во Ирак за 18 месеци

Повеќе од три милиони луѓе се раселени од почетокот на 2014 година во Ирак по судирите поврзани со Исламска држава, соопшти Меѓународната организација за имигрант, објави МИА.

Вкупно 3.087.372 луѓе според ИОМ се раселени од кои 250 илјади неодамна од Рамади освоен од Исламска држава во минатиот месец.

Повеќе од 2,6 милиони раселени луѓе се од покраините Ал Анбар, Нинивиа и Салехидине западно и северно од Багдад и средиштата на острите борби меѓу ИД и провладините сили. Раселените луѓе главно се упатиле кон ирачки Курдистан, во регионот Багдад и на југ во државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.