Раселените од ЦАР остануваат без храна

Обединетите нации предупредиле дека има недостиг од храна за се’ поголем број раселени лица во Централноафриканската Република (ЦАР) бидејќи насилството и немирите не дозволуваат непречен проток на потребната храна и материјали.

Светската програма за храна на ОН соопшти дека 38 камиони со ориз се блокирани на границата бидејќи возачите одбиваат да ја преминат поради заканите од можни напади.

„Запирањето на испораката на храна би можела дополнително да ги влоши тензиите, посебно меѓу 100-те илјади раселени лица во камп покрај аеродромот во Банги“, соопшти оваа организација.

Шефовите на дипломатиите на Европската унија во Брисел донеле одлука со која што се одобрува заедничка воена мисија во Централноафриканската република за да запре крвопролевањето во таа земја.