„Раша тудеј“: Некои проценки покажуваат дека бројот на граѓани бил 90.000

Руската телевизија „Раша Тудеј“ имаше испратено своја екипа која го следеше најмасовниот народен собир во историјата на Македонија кој синоќа се одржа пред Собранието.

lizi

Новинарката на „Раша Тудеј“, Лизи Фелан, ги следеше двата протеси пред Владата, и на 17-ти мај и вчерашниот народни собир пред македонското Собрание.

Она што може да се забележи на нејзиниот профил на Твитер, е тоа дека таа постојано известувала за двата собири.

Имено, Фелан во нејзиниот претпоследен твит пишува дека, „Некои проценки покажуваат дека бројот на про-владините демонстранти бил 90.000 граѓани.“

На денот на масовниот народен собир пред Собранието на Македонија, Фелан прикачува фотографија од опозиционите кампери пред Влада.

far

-Далеку од илјадници граѓани, како што ветија. Само мала група останува да кампува пред владината зграда, пишува таа.

„Раша Тудеј“ приложувајќи снимка од дрон во неделата објави дека на антивладините протести учествувале 20.000 граѓани.

Наслови за вчерашниот најголеми митинг во историјата на Македонија со над 90,000 граѓани ги преплавија српските, хрватските, босанските, бугарските, словенечките медиуми, и останатите медиуми од светот, од Европа, од Русија, од Турција. Покрај „Раша Тудеј“, најголемата руска државна новинска агенција објави дека на протестот присуствувале 90.000 граѓани.

фото: РТ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.