Расистички испад на навивачите на Челзи во Париз

Иако ФИФА и УЕФА фрлаат огромни пари на рекламни кампањи против расизмот во фудбалот, клубовите исто така секогаш се трудат да го следат овој тренд осудување на расистичките испади во националните првенства, сепак ете и во 21-от век сеуште сме сведоци на инциденти во кои главен проблем е бојата на кожата, а иницијатори на ваквите сериозни проблеми се навивачките групи.

Токму таков инцидент се случи по завршувањето на натпреварот помеѓу Париз Сент Жермен и Челзи, кој се играше во рамките од Лигата на шампионите, откако во метрото во Париз група навивачи на Челзи не му дозволуваа на црномурест човек да влезе поради бојата на кожата.

Откако неколку пати го оттурнаа, почнаа и да му викаат “ние сме расисти, ние сме расисти, тоа е начинот кој го обожуваме, обожуваме..”.

Веднаш по објавувањето на видеото, се огласи и фудбалскиот клуб Челзи, кој се огради од овие навивачи и повика на целосна истрага со цел расветлување на овој случај. Оттаму наведоа доколку се докаже дека овие навивачи се членови на официјалната навивачка група или имаат сезонски билети, веднаш ќе бидат превземени дополнителни мерки кон нив.