Расистички напади врз Евреите во Турција

Јавноста во Турција зазеде јасен став кон израелската копнена офанзива во Појасот Газа. Истовремено, еврејската заедница во земјата е жртва на расистички напади. Се чини, билатералните односи се пак затегнати, пишува „Дојче Веле“.

„Слободна Палестина“- маичките во ваков натпис на улиците на Истанбул се гледаат на секој чекор. Исто како и луѓе кои на главата имаат завиткано палестинско знаме или возачи кои го ставиле тоа да се вее од нивните автомобили. Речиси секој ден по улиците на Истанбул или пред израелскиот конзулат доаѓа до протести.

„Палестинците се наши муслимански браќа. Ние секогаш ќе бидеме со нив“, вели еден демонстрант. Турците остро ја критикуваат израелската воена офанзива во Појасот Газа. Една демонстрантка ја оценува како геноцид против палестинскиот народ

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган политиката на Израелците кон Палестинците ја спореди со политиката на Адолф Хитлер.

„Која е разликата меѓу овој менталитет и Хитлер“, праша Ердоган. Претходно, десничарскиот пратеник во израелскиот парламент, Кнесетот, Ајелет Шакед истапи со став дека Палестинците-цивили се легитимна цел на напади. Ердоган ги обвини и ОН за целосно потфрлување, а Турција ја истакна како единствена држава која бара крај на насилството.

Последици од турскиот став кон Израел чувствуваат првенствено Евреите во Турција. Така, турската поп-пејачка Јилдиз Тилбе на Твитер објави антисемитски пароли.

„Ако Гопсод сака, муслиманите ќе бидат тие кои ќе стават крај на овие Евреи“, напиша таа. Градоначалникот на Анкара Мелих Гекчек ги поддржа нејзините изјави, некои тој ги сподели натаму оценувајќи ги за „полни со интелигенција“, како што цитира турскиот весник „Хуриет“, пишува „Дојче Веле“.