Раскинаа Шон Пен и Шарлиз Терон

раскинаа шон пен и шарлиз терон
раскинаа шон пен и шарлиз терон

Актерите Шон Пен и Шарлиз Терон повеќе не се свршени, објави „Ју-Ес Викли“.

Неколку извори потврдија дека двојката која беше во врска од декeмври 2013 година, ја раскинала веридбата по фестивалот во Кан во мај.

Иако ниту еден од нив не потврди, таблидите тврдеа дека се Шон и Шарлиз „тајно се вериле“ во Париз во декември 2014 година. Набргу потоа почна нашироко да се зборува, а Пен во интервју за „Ескуер“ во март 2015 година рече зад себе има два брака, но дека тогаш бил помалку информиран за брачниот живот отколку што сум денес.

– Па тогаш ова сега не би го сметал за трет брак туку прв брак со сопствени правила, во случај повторно да се оженам. Мислам, јас ја сакам традицијата. Еден мој пријател напиша: „Без традиција новите работи умираат“. Не сакам новите работи да умрат, рече Пен.

Од друга страна, Шерон во интервју за „Ел“ во почетокот на мај рече дека Пен е „љубовтa на нејзиниот живот“.