Раскинувања што ја одбележаа 2015-тата година

Ирина сега е во врска со актерот Бредли Купер, а нејзиното поранешно момче повторно се бори со озборувањата дека е хомосексуалец.

Гвинет Палтроу и Крис Мартин

raskinuvanja-2

Холивудската актерка и форнтменот на „Колдплеј“ беа во брак подолго од 10 години, а се запознаа по концерт на „Колдплеј“. Се венчаа во 2003-тата година и имаат две деца Епл и Мозес.

Двојката престана да живее заедно уште во 2014-тата година, но дефинитивно се разведоа на почетокот на 2015-тата година. И додека Мартин беше поврзуван со голем број жени по разводот, Гвинет се усреќи со холивудскиот продуцент Бред Фалчук.

Шон Пен и Шарлиз Терон

raskinuvanja-3

Актерската двојка Шон Пен и Шарлиз Терон беа во стабилна врска две години, а дури беа и верени. Актерот почна и со процедура за посвојување на синот на неговата вереничка. Но, наместо свадба, следеше раскинување, а ако може да им се верува на американските таблоиди, убата актерка лесно го преболела раскинувањето.

Откако остана сам…