Раскол во СДСМ – вечерва жешка седница на ЦО за новите министри

Вистински раскол во СДСМ предизвикале кадровските решенија на лидерот Зоран Заев за составот на преодната Влада.

Како што дознава Прес24 од високи партиски извори, на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ на која партиското тело треба да го потврди изборот на Заев, не присуствуваат поголем број на членови.

Според информациите од Бихаќка не се присутни најголемиот дел од функционерите кои беа дел од претходното раководство на СДСМ и важат за блиски до екс лидерот Бранко Црвенковски, но и дел од актуелните функционери во партијата кои не беа опфатени со предлозите на Заев.

Тие не го кријат своето незадоволство од одлуката на лидерот на партијата, во Владата да ги инсталира кадрите од своето најтесно опкружување, без разлика што немаат никаква стручност и се далеку под кадровскиот потенцијал на СДСМ.