Раскол во СИРИЗА: Жалам што заедно со Ципрас го изневерив народот

Откако левичарскиот грчки премиер, Алексис Ципрас со Владата до Брисел го поднесе планот за излез на земјата од кризата, се огласи неговиот партиски колега Манолис Глезос (92), истакнувајќи дека шефот на Владата во Атина ги изневерил сите предизборни ветувања и дека му е жал што и самиот учествувал во измамата на грчиот народ.

Глезос нагласи дека новиот договор со ЕУ изгледа како грчките власти називот риба да го промениле во месо и дека Ципрас капитулирал пред Европа.

-Не ја променивме претходната состојба ако европските кредитори ги преименуваме во „институтции“, меморандумот во „договор“ и доверителите во „партнери“. Луѓето гласаа за она што СИРИЗА го вети – укинување на штедењето, стратегија која е не само на олигархијата на Германија и другите држави на ЕУ, туку и на грчката олигархија. Луѓето бараа укинување на меморандумот и Тројката, укинување на сите закони за штедење. Сега, помина еден месец, а ветувањата не се претворени во дела. Му се извинувам на грчкиот народ што дадов придонес во таа илузија, додал претставникот на СИРИЗА во европскиот парламент, кој во 1941. година.

Инаку, новата грчка Влада во Брисел испрати прв список на реформи кои планира да ги спроведе. Институциите познати како Тројка – Европската комисија, Европската централна банка и Меународниот монетарен фонд го прифатија тој модел со што постоечката програма за помош на Грција ќе биде продолжен и по формалниот истек во сабота на 28. февруари. Новата Влада се обврза дека ќе ја доврши, што значи дека ќе продолжи да ги исполнува обврските кон кредиторите, т.е. Тројката.

Акциите на Атинската берзавчера наутро, по објавувањето на вестите за предлогот на мерките, пораснаа за 6,4 отсто.

aleksis-cipras-foto-fonet-ap-1424811050-619897

Русија нема да и помогне на Грција

Русија засега го исклучува пружањето економска помош за Грција, изјвил заменик министерот за финансии на Русија, Сергеј Сторчак. Во неговото образложение стои дека Москва е во тешка финансиска криза по падот на цената на нафтата и санкциите поради украинската криза. Да се потсетиме, новата грчка Влада не ги криеше проруските симпатии, па така алудираше и на можноста на стратешко пренасочување на својата дипломатија кон Русија и Кина, ако не успее под свои услови да добие помош од ЕУ.