Македонија

Раскол во СПЦ, вмешан и Јован Вранишковски

Раскол во СПЦ, вмешан и Јован Вранишковски

Двајца владици на Српската православна црква се вмешани во тежок скандал во кој се обвинети за самоволие, за блудни дејствија и за финансиски малверзации, а расчинетиот македонски владика Јован Вранишковски, кој сега е свештено лице во СПЦ, застанал во нивна одбрана, објавуваат српските медиуми, пренесува Нетпрес.

Светиот архиерејски сабор на српската православна црква покренал истрага за обвинетите владици Георгиј и Филарет.

– И архиепископот охридски Јован Вранишковски, кој во Македонија е осуден на три години затвор за проневерување и затајување на 250.000 евра, на светиот архиерејски сабор ги поддржа владиците Георгиј и Филарет. Тој укажа дека „синодската комисија, која ја води истрагата против двајцата обвинети владици, не ја испочитувала процедурата“, се вели во текстот објавен во белградскиот весник „Курир“, пренесува Нетпрес.

Покрај Вранишковски, во одбрана на Георгиј и Филарет, застанале и епископот бачки Иринеј, како и некои други српски владици. И тие тврделе дека не е запазена процедурата и побарале приспитување на одлуката за смена на епископот милешевски Филарет и на епископот американско-канадски Георгиј.

Од друга страна, митрополитот црногорско-приморски Амфилохије цврсто стоел на своето барање дека двајцата обвинети мора да бидат разрешени.

Сепак, конечната одлука за разршеувањето на Георгиј, се очекува да биде донесена денеска, по гласање на црквените великодостоинственици, а за судбината на владиката Филарет СПЦ треба да одлучи во наредните денови.

За Јован Македонски

Осуден е на затвор од три години во 2013 година, а останатите во истиот предмет добија по две години условна затвроска казна. Обвинети беа дека со купување на недвижности се обиделе да исперат околу 250.000 евра црквени пари. Во февруари, годинава, беше пуштен на условна слобода. Врховниот суд на Македонија во мај, годинава, ја укина пресудата и ја врати постапката на почеток, пишува српскиот весник „Курир“.

jovan