Раскошна вечера за Оланд во Белата куќа

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, бил почестен со раскошна официјална вечера во Белата куќа на крајот на дводневната државна посета на Соединетите Американски Држави (САД) со цел обновување на партнерството меѓу долгогодишните сојузници.

Инаку, тоа е прва официјална вечера на двајцата државници во Белата куќа од 2011-та година кога Оланд и американскиот претседател, Барак Обама, наздравиле за „вековното пријателство на двата народа“, јавува британски „Би- Би- Си“.

Во обраќањето Обама ја пофали одлучноста на Оланд во борбата против екстремизмот во Африка и предизвикот поврзан за иранската нуклеарна програма и двете страни забележаат дека нивниот 200 години стар сојуз, кој што некое време бил во мирување поради спорот околу војната во Ирак во 2003-та година, сега повторно „цвета“.