Рашковски подготвува терен да избрка од работа 70-ина луѓе, главно од помалите етнички заедници

Излегувањето на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски во јавноста преку социјалните мрежи со наводни документи и обвинувања дека не оделе на работа, а земале плата не е ништо друго туку подготовка на терен за да се избркаат од работа седумдесетина лица, најголем дел припадници на бошњачката, ромската, српската, турската и влашката заедницапомалите етнички заедници.

Имено, како што дознава порталот Курир.мк, во Владата се случувал вистински мобинг изминативе неколку месеци. Рашковски принудувал вработените да потпишат изјави дека не оделе на работа, а добивале плата за што бил одбиен.

Имено посочените вработени, најголем дел Роми, Срби, Власи, Бошњаци и Турци потпишале изјава дека редовно оделе на работа и дека извршувале работни активности.

Еден од засегнатите вели дека во Владата се случува вистински мобинг.

„Рашковски не престанува со заканите на дневна основа. Тој покрена дисциплинска одговорност за да не избрка од работа, но поради изборниот период тоа беше стопирано. Многу јасно е дека се работи за партиска чистка односно да се ослободи простор за нивни партиски кадри. Јас како Ром сум обесправен и мислам дека тука се работи за дискриминација, се зборува за нас, а од некои етнички заедници не се чепкаат“, изјави вработен во Владата.

Тие посочиуваат дека се подготвени да одат до крај и доколку е потребно правдата да ја побараат и на суд.