Рашковски во Њујорк на државна сметка?

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски со четири куфери вечерва од Истанбул патува за Њујорк. Несвојствено е за генерален секретар да биде дел од владина делегација особено што неговиот делокруг не е меѓународна политика, туку организациона работа во владата, објави Курир.

Очигледно Рашковски на државна сметка оди да се прошета во Њујорк неколку дена порано од присуството на македонската делегација на генералното собрание на Обединетите нации каде ќе присуствува премиерот Зоран Заев.

Инаку Рашковски освен што заради кривична пријава за незаконски работење, денес се обелодени и нов скандал. Имено, владата ја именувала неговата баба за претседател на второстепената владина комисија.

Елена Начевска, мајка на Вероника Начевска (сопругата на Драги Рашковски) е именувана за претседател на на Комисијата за жаби. За именувањето на мајката на сопругата на Рашковски за претседател на второстепената владина комисија, Владата неодамна информираше преку соопштение кога беа објавени 67 нови функционери и директори на органи, државни управи и казнено поправни установи.

Покрај Начевска за претседател,  за член на Комисијата за жалби беше именувана Марија Спиреска. Со поставувањето на својата баба за претседател на оваа Комисија, Рашковски на дело го покажува непотизмот во Владата на Заев и СДСМ.

Јавноста претходно беше запознаена дека Дејан Костиќ, кој како што веќе е познато е кум на Рашковски, ќе ги работи сите правни работи во Владата, како што се кадровски смени, решенија, свикување седници, изготвување инфоформации и други работи кои веќе ги работеа вработени во Владата, но сега ќе бидат под ингеренции на неговата адвокатска канцеларија. Тоа претставува двоен трошок што директно оди на штета граѓаните, кои се уште ги чекаат големите ветувања на Заев кои ги даде пред изборите, а сега ретерира од нив.