Расмунсен: Акциите на Русија се закана за стабилноста

Андрес Фог Расмунсен, Генералниот секретар на НАТО изјави дека неодговорните и нелегалните акции на Русија во Украина се сериозен предизвик за Европа, за нејзиниот мир и слобода.

„Однесувањето на Москва покажува дека е подготвена да потреби сила за да ги промени границите и да ги дестабилизира суверените држави заради сопствени геополитички цели“, вели Расмунсен.

Тој предупреди дека руските акции и се закануваат на стабилноста на целото евроатланско подрачје.