Расмунсен: НАТО ќе ги заштити своите членки

НАТО ќе ги заштити своите членки и ќе ја одбрани „секоја стапка“ на тие земји, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен.

Расмунсен, кој отседнува во посета на Романија додека трае кризата во Украина, денеска се состана со премиерот Виктор Понт, министерот за одбрана Мирч Душ и министерот за надворешни работи Титус Корлеацеун, а ќе се состане и со претседателот на Романија, Трајан Басеску.

Расмунсен рече дека Романија која е, заедно со Полска, една од земјите најблиску до зоната на украинската криза, под заштита е на копнените, морските и зодушните сили на НАТО.

Генереланиот секретар рекол и дека треба да се зголеми вложувањето во воениот буџет.