Расмунсен: Не ги признаваме изборите во Јужна Осетија

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен денес изјавил дека НАТО не ги признава резултатите од вчера одржаните избори во отцепената грузиска покраина Јужна Осетија.

Овие избори не допринесуваат за мирно и трајно решение на ситуацијата во Грузија, порачал Расмунсен во соопштението до медиумите.

Генералниот секретар истакнал дека НАТО сојузниците го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија во рамките на меѓународно признаените граници.

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон во синоќешното соопштение исто така порачала дека резултатите од осетиските избори нема да бидат признаени.

Грузиските покраини Јужна Осетија и Абхазија се отцепија во 2008 година, а Русија ги призна како независни држави.