Расмунсен: Руските апетити одат подалеку од Украина

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изрази загриженост дека амбициите на рускиот претседател Владимир Путин „може да отидат подалеку од Украина“.

„Сведоци сме на илегалната анексија на Крим, видовме силна руска улога во дестабилизирањето на Источна Украина. Но, можеме да видиме и дека Русија стои зад конфликтот во делот од Молдавија, Придњестровје, како и во грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија“, изјави Расмусен во Исланд.

Расмусен нагласи дека Русија сака во соседните земји да воспостави сфера на влијание, додавајќи дека поради тоа е загрижен дека „руските амбиции одат подалеку од Украина“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.