Расмусен: Покана за членство во НАТО по решение за името

„Покана за членство на Република Македонија во НАТО ќе биде испратена штом ќе биде најдено заеднички прифатливо решение за прашањето за името на земјата со Грција,“ – е наведено во Годишениот извештај на генералниот секретар Андерс Фог Расмусен за делувањето на НАТО и ситуацијата во светот.

Во делот за останатите земји-кандиди за членство во НАТО е забележано дека: „Во 2013 година е постигнат одличен прогрес во исполнувањето на стандардите на НАТО, но потребен е понатамошен прогрес за овие земји да станат членки на Алијансата, како и дека Алијансата ќе одржува посебно тесни врски со сите четири земји-кандидати- односно со  Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Грузија,“ јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.

Инаку се уште нема потврда дали проширувањето на Алијансата ќе се најде на агендата на годинешниот Самит на НАТО кој ке се одржи во септември во Велс.