Македонија,Политика

Расмусен утре во посета на Македонија

Расмусен утре во посета на Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен утре, во рамките на посетата на регионот, ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија.

За време на посетата, како што информираат од Министерството за надворешни работи, Расмусен ќе се сретне со премиерот Никола Груевски; Министерот за надворешни работи Никола Попоски и  Министерот за одбрана Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На средбите, Генералниот секретар Расмусен ќе биде запознат со статусот на прогресот на Република Македонија, во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата, а со основна цел упатена кон целосна евро-атлантска интеграција и забрзано остварување на членството во НАТО.