Расна нетрпеливост причина за пукањето во Калифорнија со три жртви (ВИДЕО)

Тројца белци се убиени а еден е ранет во пукање во градот Фресно во сојузната американска држава Калифорнија, а причината за тоа не е тероризам туку расна нетрпеливост, изјави во средата челникот на градската полиција Џери Дајер.

Претходно беше објавено дека темнокож маж застрелал три лица во центарот на Фресно. Полицијта го привела осомниечниот идентификуван како 39-годишниот Кори Али Мухамед, која пред да биде уапсен „Алаху акбар“ (Господ е голем), повик кој вообичаено го користат исламистичките милитанти.

Како што изјавил началникот на полицијата Дајер, сите настрадани се бели мажи на возраст меѓу 34 и 58 години. Според соопштението на полицијата, приведениот изјавил дека чувстувал нетрпеливост кон белите луѓе.

Мухамед, исто така, е осомничени и за убиство на припадник на обезбедување на еден од приградските мотели од минатата седмица.

Како што рекол Дајер, притворениот имал намера да убие што повеќе луѓе, кога дознал дека е баран поради убситво. Полицискиот началник притоа потенцирал дека „мотивот е искличиво врз расна основа“.

„Нема никаква поврзаност со тероризмот, и покрај неговите изјави. Станува збор за неиспровициран напад на поединец кој имал намера да изврши убиство“, рекол Дајер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.