среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

„Прогнос“: Распадот на Шенген зоната би ја чинело ЕУ најмалку 470 милијарда евра

Враќањето на граничните проверки во Европа, што станува се поверојатно сценарио поради кризата со бегалците, ќе предизвика значително зголемување на цените и трошоците, се нагласува во истражувањето. Германија ќе загуби 77 милијарди евра за десет години, а Франција 80 милијарди.

sengen-zona

Поврзани вести

Евентуален распад на Шенген зоната би ги чинело земјите-членки на Европската унија најмалку 470 милијарди евра за период од десет години, покажува истражувањето на германскиот институти „Прогнос“, спроведено по нарачка на фондацијата „Бертелсман“.

Враќањето на граничните проверки во Европа, што станува се поверојатно сценарио поради кризата со бегалците, ќе предизвика значително зголемување на цените и трошоците, се нагласува во истражувањето. Германија ќе загуби 77 милијарди евра за десет години, а Франција 80 милијарди.

Ова ќе има последици и за земјите кои не се во ЕУ, бидејќи со враќањето на граничната контрола ќе дојде до зголемување на цените на увозот. САД тоа ќе ги чини 91 милијарда евра за десет години, а Кина 95 милијарди евра.

Тоа сепак е оптимистично сценарио, предупредува „Прогнос“. Слоред песимистичките сценарија, крајот на Шенгенот може да ги чини земјите од ЕУ дури 1,4 билиони евра за десет години, од кои 235 милијарди се однесуваат на Германија, а 244 милијарди на Франција.

Најчитани вести