Распарчено тело на млад маж пронајдено на патот Гостивар-Кичево

Безживотно распрачано тело на младо машко лице е пронајдено околу 10 часот утринава на магистралниот пат Гостивар-Кичево, пишува порталот „Курир“.

Од СВР Тетово  потврдуваат дека утринава добиле пријава дека во длабока бездна во близина на сепарациите на магистралниот пат има паднато возило „Шкода Октавија“ со скопски регистерски таблички и едно починато лице.

Како што неофицијално дознаваме, телото било делумно распарчано, односно дел од раката бил растргнат. На лице место увид вршат полициски екипи во присуство на јавен обвинител, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Првично се работи за момче од гостиварско кое пред неколку дена било пријавено за исчезнато. Ваквите информации од полицијата не ги потврдуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.