Распишан е новиот Конкурс за запишување на питомци на Воената академија

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, го распиша новиот Конкурс за запишување на студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија и студенти за насока кризен менаџмент, заштита и спасување на прв циклус на студии за студиската 2016/2017 година.

Од Академијата ги повикуваат сите заинтересирани кандидати кои имаат желба да студираат на Воената академија и кои ги исполнуваат условите од Конкурсот да се пријават на истиот. Истакнуваат дека процесот на избор е транспарентен и базиран на дефинирани критериуми и прикажани квалитети и резултати на пријавените кандидати.

Термините за поднесување на документите во првиот уписен рок се: 27; 28 и 29.06.2016 година од 08,30 – 16,30 часот на Воената академија. Документите од државната матура и сведителствата за завршена четврта година средно образование може да се поднесат дополнително до крајот на јули оваа година.

Подетални информации во врска со Конкурсот за запишување студенти и питомци може да се најдат на интернет страницата на Министерството за одбрана, www.morm.gov.mk и на Воената академија, www.ma.edu.mk.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.