Распишана потерница по Ивица Тодориќ

Загрепското Жупаниско државно обвинителство распиша во саботата потерница по Ивица Тодориќ против кој е одреден истражен затвор и е покрената истрага, а е недостапен за хрватските правосудни органи.

Обвинителството ја распишало потерницата против осомничениот по решение на Жупанискиот суд во Загреб, соопштија во саботата попладне обвинителството наведувајќи дека натамошните чекори по издадената потерница ќе ги спроведува полицијата, пренесува агенцијата Hina.

Загрепското Жупаниско државно обвинителство поради незаконско прибавување на стотици милини евра, покрена истрага против Ивица Тодориќ, неговите синови Иван и Антер Тодориќ, и против дванаесет менаџери на „Agrokor“ и ревизори.

Загрепскиот суд одреди истражен затвор само за Ивица Тодориќ, а другите во средата беа пуштени да се бранат од слободат.

На вкупната штета и се надоврзува и полза во висина од дополнителни 320 милиони куни, прибавени за „едно правно лице“ со фалсификување исправи и незаконско водење на деловните книги.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.