Распишан конкурсот за годинешните награди за литература

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за најуспешни литературни остварувања во 2014 година. Ќе бидат доделени традиционалните награди „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

Книгите објавени во тековната година до ДПМ треба да бидат доставени до крајот на декември, а наградите ќе бидат врачени на 13 февруари идната година, на свеченоста по повод јубилејот од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.