Распишан оглас за продажба на државно земјиште во Кривогаштани

Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на стопански објекти во општина Кривогаштани.

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија со намена за изградба на Г2, Г3, Г4 – лесна и незагадувачка индустрија, сервиси (мало стопанство) или стоваришта (магацини), со компатибилни класи на намена Б1 до 30% .

Станува збор за 8 локации кои се наоѓаат во општина Кривогаштани. Градежните парцели кои се предмет на јавно наддавање се со површина од 1497 до 3664 метри квадратни.

Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 04.12.2014 година.

Право на учество во јавните наддавања имаат физички лица (државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија) и правни  лица (домашно  правно  лице,  правно  лице  во  мешовита  сопственост,  правно  лице основано  од  странско физичко  и правно лице, регистрирани во Централен  регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската  унија и на ОЕЦД,  како и  странски правни лица резиденти на држави  кои не  се  членки на европската  унија и на ОЕЦД  а  кои  под  услови  на  реципроцитет  можат  да  стекнат  право  на  сопственост  на  градежно  земјиште  на  територијата  на Република Македонија).

Јавните наддавања се електронски и истите ќе се одржат на 11.12.2014 година на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.