Распишани предвремени избори во Каталонија

Претседателот на шпанската покраина Каталонија, Артур Мас вчера распиша предвремени избори за 27 септември, кои ќе бидат фокусирани на назависноста на овој богат североисточен регион во однос на останатиот дел од Шпанија, пренесе МИА.

Мас тоа го соопшти на прес-конференција откако постигна договор за предвремени избори со лидерот на опозициската партија Ескера Републикана де Каталуња, Ориол Жункерас.

Каталонскиот претседател спроведе симболичен референдум за независност на 9 ноември минатата година, иако шпанскиот премиер Маријано Рахој го блокираше гласањето на суд и го прогласи референдумот за незаконски.

По референдумот Мас го претстави новиот патоказ кон независност, кој вклучува предлог за одржување на регионални избори.