Балкан

Распишани претседателски избори во Хрватска

Распишани претседателски избори во Хрватска

Хрватската Влада денеска распиша претседателски избори за 28 декември, а изборните активности на кандидатите официјално почнуваат од 24 ноември, јавува МИА, пренесува Нетпрес.

Претседателски кандидатури засега најавија актуелниот претседател Иво Јосиповиќ, кандидатката на ХТЗ, Колинда Грабар Китаровиќ, Милан Кујунџиќ, поранешниот лидер на хрватската Партија за право Анто Ѓапиќ и стечајниот управник Иван Руде.

Доколку има втор круг од изборите, тој ќе биде одржан на 11 јануари следната година.

Претседателскиот мандат трае пет години и според хрватскиот Устав никој не може да биде реизбран повеќе од двапати по ред на оваа функција.