Свет

Распит на Асанж во јуни или јули

Распит на Асанж во јуни или јули

Шведското Обвинителство има намера да изврши распит со основачот на Викиликс Џулијан Асанж во Амбасадата на Еквадор во Лондон, во јуни или јули, беше соопштено денеска во Стокхолм, пренесува МИА.

Обвинителството им упатило на британските власти барање за правна помош, а од Еквадор е побарана дозвола во текот на тие два месеца да биде извршен распит на Асанж.

Обвинителите се откажаа во март од барањето тој да биде сослушан во Шведска и наведоа дека тоа сакаат да го направат во Лондон. Адвокатот на Асанж, Пер Самуелсон го поздрави тој потег.

– Тоа е она што го сакавме четири години, изјави тој. Асанж во средината на април се согласи да биде сослушан во Амбасадата на Еквадор во Лондон.