Распоред на екстерните испити од државната матура

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар го објавија распоредот на екстерните испити од државната матура.

Оттаму информираат дека согласно Концепцијата за државна матура и завршен испит, екстерните испити од државната матура во учебната 2015/2016 година во јунскиот испитен рок ќе се реализираат според следната динамика:

  • мајчин јазик и литература на 4 јуни 2016 година;
  • математика на 9 јуни 2016 година;
  • странски јазик на 13 јуни 2016 година;
  • физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика на 15 јуни 2016 година.

Сите испити започнуваат во 10:00 часот.

Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.