Распоред на работа на нефролошките амбуланти низ Републиката

Во изминатите четири месеци во Република Македонија континуирано функционираат 10 специјализирани нефролошки пунктови (амбуланти), со цел рано откривање и превенција на хроничната бубрежна болест.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство, прегледите во амбулантите се бесплатни за пациентите, а матичните лекари ги упатуваат пациентите на преглед во амбулантите во зависност од проценетата бубрежна функција преку лабораториски анализи.

Во продолжение е распоред на работа на нефролошките амбуланти низ Републиката:

Нефролошката амбуланта во Здравствена станица Железара, работи секој петок од 8.00 до 14.00 часот. Во текот на следниот месец амбулантата ќе работи според следниот распоред: Д-р Христина Шалтановска (07.11), д-р Светлана Д.Цветановска (14.11) и д-р Весна Здравковска (28.11), додека во декември амбулантата ќе функционира според следниот распоред – д-р Христина Шалтановска (05.12),  д-р Весна Здравковска (12.12), д-р Елизабета  Солева (19.12) и д-р Светлана Д.Цветановска (26.12).

Во рамки на Клиничка болница Битола, нефролошката амбуланта функционира секоја среда, со термини од 07:50 до 14:30 часот. Во оваа нефролошка амбуланта работи д-р Јорго Бошев.

Во Клиничка болница Штип, нефролошката амбуланта работи секој вторник, од 09:00 – 11:00 часот, со следните 2 доктори: д-р Моника Нашкова (првите 2 недели од месецот) и прим. д-р Славе Димитров (вторите 2 недели од месецот).

Во Заводот за нефрологија Струга, нефролошката амбуланта работи секој ден и тоа, од понеделник до четврток  од 8:30 до 12:30 часот, додека во петок од 9:00 до 12:30 часот

Нефролошката амбуланта при Општа болница Прилеп, работи еднаш неделно, од 08:00 до 14:00 часот, а за претстојните два месеца, до крајот на годината, утврден е следниот распоред: 04.11.2014 (вторник) – д-р Жарко Митревски, 12.11.2014 (среда) – д-р Трајче Ржаниковски, 19.11.2014 (среда) – д-р Мате Дамјановски, 27.11.2014 (четврток) – д-р Жарко Митрески, 02.12.2014 (вторник) – д-р Жарко Митрески, 09.12.2014 (вторник) – д-р Трајче Ржаниковски, 16.12.2014 (вторник) – д-р Жарко Митрески,  23.12 и 30.12.2014 (вторник) – д-р Мате Дамјаноски.

Во рамки на Клиничка болница Тетово, нефролошката амбуланта работи секој четврток, од 09:00 до 15:00 часот, прегледи вршат следните доктори: од 09:00 до 11:00 часот д-р Роза Филиповиќ, од 11:00 до 13:00 часот д-р.Снежана Матовиќ и од 13:00 до 15:00 часот д-р Миталип Касами.

Нефролошката амбуланта во Општата болница Струмица, во текот на месец ноември ќе работи секој понеделник, од 10:00 до 15:00 часот, прегледите ги врши д-р Ели Карчева Сарајлија, а во текот на месец декември, секој вторник од 10:00 до 15:00 часот, прегледите на пациентите ги врши д-р Драган Кацарски.

Во нефролошката амбуланта при Општа болница Велес, д-р Владислава Христова работи секој вторник од 09:00 до 11:00 часот, а д-р Маргарита Алчева работи секој четврток од 18:00 до 20:00 часот.

Во Општата болница во Кочани нефролошката амбуланта работи од 08:30 до 16:00 часот, а прегледите ги врши д-р Борка Панова. Во претстојните два месеца, амбулантата ќе работи по следниот распоред:  04.11.2014 (вторник), 12.11.2014 (среда), 20.11.2014 (четврток), 24.11.2014 (понеделник), 02.12.2014 (вторник), 10.12.2014 (среда), 18.12.2014 (четврток) и на 24.12.2014 (среда).

Во Здравствен дом-Делчево во следните два месеца нефролошката амбуланта работи функционира во текот на цела недела од 12:30 до 14 часот, а амбулантата ќе функционира според следниот распоред: Д-р Софија Станоева Стојановска –вторник (04.11), д-р Билјана Велиновска- среда (12.11), д-р Софија Станоева-Стојановска – вторник (18.11), д–р Билјана Велиновска –среда (26.11), д-р Софија Станоева Стојановска –вторник (02.12), д-р Билјана Велиновска – вторник (09.12), д-р Софија Станоева Стојановска- вторник (16.12), д-р Билјана Велиновска-вторник (23.12) и д-р Софија Станоева Стојановска – вторник (30.12).

Раното откривање на хронична бубрежна болест е главен предуслов за успешно спречување на губењето на функцијата на бубрезите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.