Распоред на сите натпревари на Еуро 2016 во Франција

За само два дена, в петок на 10 јуни точно во 21.00 часот, почнува Европско првенство во фудбал, кое ќе се игра во Франција.

По пет изданија со 16 репрезентации, сега за европскиот фудбалски трон ќе се борат 24 национални тима.

Проширеното Европско првенство почнува, со претходна свеченост, на преубавата арена Стад Де Франс, со натпреварот меѓу домаќинот Франција и националниот тим на Романија.

Најдобрите европски фудбалски нации се распоредени во шест групи.

Билетите за натпреварите по групи чинат меѓу 25 и 145 евра, зависно од местото на стадионот.

Нетпрес ви го претставува распоредот на натпреварите по групи, но и закажаните тајминзи за нокаут фазите, односно осминафиналето, четвртфиналето, полуфиналето и финалето.

Euro2016-grupi

Прво Коло

10 јуни, 21:00 час, Сент-Дени: Франција – Романина (Група А)

11 јуни, 15:00 час, Ленс: Албанија – Швајцарија (Група А)
11 јуни, 18:00 час, Бордо: Велс – Словачка (Група Б)
11 јуни, 21:00 час, Марсеј: Англија – Русија (Група Б)

12 јуни, 15:00 час, Париз: Турција – Хрватска (Група Д)
12 јуни, 18:00 час, Ница: Полска – Северна Ирска (Група Ц)
12 јуни, 21:00 час, Лил: Германија – Украина (Група Ц)

13 јуни, 15:00 час, Тулуз: Шпанија – Чешка (Група Д)
13 јуни, 18:00 час, Сен-Дени: Ирска – Шведска (Група Е)
13 јуни, 21:00 час, Лион: Белгија – Италија (Група Е)

14 јуни, 18:00 час, Бордо: Австрија – Унгарија (Група Ф)
14. јуни, 21:00 час, Сент Етјен: Португалија – Исланд (Група Ф)

Второ Коло

15 јуни, 15:00 час, Лил: Русија – Словачка (Група Б)
15 јуни, 18:00 час, Париз: Романија – Швајцарија (Група А)
15 јуни, 21:00 час, Марсеј: Франција – Албанија (Група А)

16 јуни, 15:00 час, Ленс: Англија – Велс (Група Б)
16 јуни, 18:00 час, Лион: Украина – Северна Ирска (Група Ц)
16 јуни, 21:00 час, Сент Дени: Германија – Полска (Група Ц)

17 јуни, 15:00 час, Тулуз: Италија – Шведска (Група Е)
17 јуни, 18:00 час, Сент Етјен: Чешка – Хрватска (Група Д)
17 јуни, 21:00 час, Ница, Шпанија – Турција (Група Д)

18 јуни, 15:00 час, Бордо: Белгија – Ирска (Група Е)
18 јуни, 18:00 час, Марсеј: Исланд – Унгарија (Група Ф)
18 јуни, 21:00 час, Париз: Португалија – Австрија (Група Ф)

Трето Коло

19 јуни, 21:00 час, Лил: Швајцарија – Франција (Група А)
19 јуни, 21:00 час, Лион: Романија – Албанија (Група А)

20 јуни, 21:00 час, Сент Етјен: Словачка – Англија (Група Б)
20 јуни, 21:00 час, Тулуз: Русија – Велс (Група Б)

21 јуни, 18:00 час, Париз: Северна Ирска – Германија (Група Ц)
21 јуни, 18:00 час, Марсеј: Украина – Полска (Група Ц)
21 јуни, 21:00 час, Бордо: Хрватска – Шпанија (Група Д)
21 јуни, 21:00 час, Ленс: Чешка – Турција (Група Д)

22 јуни, 18:00 час, Лион: Унграија – Португалија (Група Ф)
22 јуни, 18:00 час, Сент Дени: Исланд – Австрија (Група Ф)
22 јуни, 21:00 час, Ница: Шведска – Белгија (Група Е)
22 јуни, 21:00 час, Лил: Италија – Ирска (Група Е)

Осминафинале

25 јуни, 15:00 час, Сент Етјен
25 јуни, 18:00 час, Париз
25 јуни, 21:00 час, Ленс

26 јуни, 15:00 час, Лион
26 јуни, 18:00 час, Лил
26 јуни, 21:00 час, Тулуз

27 јуни, 18:00 час, Сент Дени
27 јуни, 21:00 час, Ница

Четвртфинале

30 јуни, 21:00 час, Марсеј

1 јули, 21:00 час, Лил

2 јули, 21:00 час, Бордо

3 јули, 21:00 час, Сент Дени

Полуфинале

6 јули, 21:00 час, Лион

7 јули, 21:00 час, Марсеј

Финале

10 јули, 21:00 час, Сент Дени

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.