Македонија,Крими хроника

Расправија завршила со крвава пресметка во „Деспина“

Расправија завршила со крвава пресметка во „Деспина“

Крвава пресметка се случила утринава во угостителскиот објект „Деспина“.

По претходна расправија помеѓу повредениот Е.А.(34) од Скопје и дел од обезбедувањето на објектот, непознато лице со остар предмет му нанело три убодни рани во пределот на стомакот. Од страна на очевидец на настанот Е.А. е пренесен во ГОБ-„8-ми Септември“ од каде е префрлен во УЦ-Скопје и е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.