Спорт

Распродадени билетите за Ф4 во Будимпешта

Распродадени билетите за Ф4 во Будимпешта

Македонија ќе има свој претставник на завршниот турнир во Лигата на шампионите во женска конкуренција во Будимпешта, но македонскиот шампион ЖРК Вардар СЦБТ ќе нема преголема поддршка на трибините во арената „Ласло Пап“, бидејќи сите билети што беа пуштени во продажба се распродадени.

Иако станува збор за арена со капацитет од 12.000 места, информациите на официјалната веб-страница се дека билетите се распродадени. Цените на билетите во продажба изнесуваа меѓу 32 и 112 евра, за блок билети за двата натпреварувачки дена.

Продажбата на билетите стартуваше на 1 март, додека полуфиналните и финалните натпревари се закажани за 3-4 мај.