Раст на бројот на работниците во индустријата од 1,6 отсто

Бројот на работници во индустријата во февруари годинава во однос на февруари лани бележи раст од 1,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, бележи пораст од 0,6 отсто, во секторот Преработувачка индустрија раст од 1,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2,4 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 2,2 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,5 отсто и Капитални производи за 20,6 отсто, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,5 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-февруари 2016 година, во однос на периодот јануари-февруари 2015 година, изнесува 101,6 отсто.