Раст на цените на нафтата на светските берзи

И покрај тоа што во САД, земјата која е  најголем потрошувач на енергенси во светот, резервите на нафта се на рекорно високо ниво, на светските берзи цените на нафтата повторно пораснаа.

Американската лесна нафта за испорака во април на електронските трансакции пред отворањето на Њујоршката берза поскапе за 84 центи на 49,01 долари за барел, додека цената на северноморскиот „брент“ за иста терминска достава, се зголеми за 91 цент на 60,96 долари за барел.

Денешниот раст на цените на нафата следи по вчерашното драстично поевтинување на енергенсот, кога вредноста на американската нафта се намали за 2,82 долари, а „брентот“ за 1,58 долари.

Вчерашнито поветинување на „црното злато“ уследи откако американското Министерство за енергетика објави дека минатата недела резервите на нафта во САД се зголемиле за 9,4 милиони барели достигнувајќи рекордно ниво за овој период од годината од 434,1 милиони барели. Експертите очекуваа нивото на американските залихи да се зголеми за 3,75 милиони барели.

Од средниата на јуни минатата година, па до крајот на јануари, нафтата на светските берзи поевтини за околу 60 проценти, како последица на растот на глобалните резерви, намалената потрошувачка и силниот долар.

Во текот на овој месец цените на нафтата забележаа благ раст, како реазултат на намалувањето на бројот на нафтени извори во САД, но аналитичаите сепак прогнозираат дека варирањето на вредноста на енергенсот ќе продолжи и во следниот период.