Раст на прометот во индустријата

Прометот во индустријата во март годинава, во однос на март 2014 година, бележи раст од 13,7 проценти. Раст на прометот во индустријата во март 2015 година е забележан во однос на претходниот месец за 16,5 отсто, додека во периодот јануари-март 2015 година, во однос на периодот јануари-март 2014 година растот изнесува 10,3 проценти, пренесува МИА.

Според податоците на Државниот завод за статистика индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во март 2015, во однос на март 2014 година, бележи пораст од 3,2 отсто, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 16,8 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен бележи пораст од 15,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 13,6 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,8 отсто, Капитални производи за 20,1 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергијата за 97,9 отсто.

Прометот во индустријата во март 2015 година, во однос на претходниот месец, бележи раст од 16,5 отсто, додека во периодот јануари-март 2015 година, во однос на периодот јануари-март 2014 година, раст од 10,3 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.