среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 53

Раст на вработеноста: Од 570.404 во 2006 на 715.757 вработени денес

Трендот на намалување на невработеноста проследен со раст на вработеноста се очекува да продолжи и понатаму, поддржан од владините мерки за вработување и од странските инвеститори, кои отвораат или најавуваат отворање нови капацитети во нашата држава, а оние чии погони се во функција ги реализираат плановите за ангажирање нови работници.

Раст на вработеноста: Од 570.404 во 2006 на 715.757 вработени денес

Раст на вработеноста: Од 570.404 во 2006 на 715.757 вработени денес

Последни вести

Со новото намалување на стапката на невработеност што го регистрираше Државниот завод за статистика во последниот квартал од минатата година, Република Македонија постигна нов историски пад на невработеноста. Стапката на невработеност се симна на 24,6 проценти, откако една година пред тоа изнесуваше 27,6 проценти. Кога во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, затекна исто така рекордна, но тогаш рекордно висока стапка на невработеност од цели 36 проценти.

Она што е поважно и што укажува на тоа дека намалувањето на невработеноста е реално, е движењето на бројот на вработените во тој период од скоро една деценија. Според податоците на Државниот завод за статистика во 2006 година вкупниот број на вработени во државата изнесувал 570.404. Десетина години подоцна, во четвртиот квартал од минатата година, за кога се најновите податоци на ДЗС, бројот на вработени се искачил на 715.757. Тоа значи дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се отворени близу 150.000 нови работни места. Поголемиот дел од нив ги отвориле приватните компании, па така, ако во 2006 година во приватниот сектор имало околу 376.000 вработени, на крајот на 2015 тој број се искачил на скоро 660 илјади.

Трендот на намалување на невработеноста проследен со раст на вработеноста се очекува да продолжи и понатаму, поддржан од владините мерки за вработување и од странските инвеститори, кои отвораат или најавуваат отворање нови капацитети во нашата држава, а оние чии погони се во функција ги реализираат плановите за ангажирање нови работници. Значаен поттик дава и градежништвото, кое благодарение на владините капитални проекти во инфраструктурата доживува најголема експанзија до сега и постојано бара работник повеќе.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски намалувањето на невработеноста е резултат на вложениот труд на надлежните институции преку отворањето на нови работни места и спроведувањето на низа мерки.

– Правиме максимални напори да донесеме инвеститори, да вложуваат и да отворат нови работни места, како и да им овозможиме одлични услови за правење бизнис. Работејќи го тоа станавме шеста држава во Европа според добрите услови за водење бизнис и дванаесетта во светот според рангирањето на Светска банка, изјави тој, коментирајќи го статистичкиот податок за најновата, историски најниска досега стапка на невработеност во државата.

Тој посочи дека удел во ваквиот поволен резултат имаат и активностите за помош на домашните компании преку обезбедување евтини кредитни линии како и секојдневните комуникации со бизнисмените преку нивните комори за решавање на евентуалните проблеми и одговор на нивните потреби. Се влијае на намалување на невработеноста, како што рече, и со мерките што ги спроведува Агенцијата за вработување, како што е проектот за самовработување, но и други мерки со кои се помага да се отворат нови работни места.

Во 2014 година Владата проектираше дека до 2018 година невработеноста ќе се намали на 22 процента, а според сегашните движења шансите да се оствари тоа се многу реални.

Најчитани вести