Раст на животните трошоци и на инфлацијата

Трошоците за живот во однос јануари 2018 – јануари 2017 година пораснале за 1,1 отсто, додека цените на мало во истиот период бележат пораст за 2,3 процент%, што практично значи дека инфлацијата расте, објави во средата Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците за живот, пропратен со големото задолжување и големиот број на отпуштања од работа допринесува до апатија во економска смисла.

Најсиромашните граѓани како пензионерите и примателите на социјална парична помош го чувствуваат најмногу порастот на цените, категории на граѓани кои остана заборавени од власта. Во година кога имаме општ пораст на цените на мало и пораст на трошоците за живот во целост, нема покачување на пензиите, ниту пак на социјалната помош и другите социјални трансфери.

Во јануари 2018 година во однос на декември 2017 година е забележан пораст на индексите на трошоците на животот кај течните горива за домаќинствата за 10,4 отсто, телефонската и телефакс опремата за 9,8 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,7 отсто, другите лични предмети за 2,5 проценти, градините, растенијата и цвеќињата за 2,4 отсто, домашните миленици и сродните производи за 2,2 отсто, услугите за одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани за 1,2 отсто, резервните делови и опрема за сопствен превоз за 1,0 отсто, станарините и автомобилите за 0,7 проценти, другите услуги за опрема за сопствен превоз, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0,5 отсто, патниот сообраќај за 0,4 проценти, лековите за 0,3 отсто, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, другите медицински производи, одржување и поправка на сопствените сообраќајни средства, накитот и часовниците за 0,2 отсто, пишува во соопштението објавено на страната на Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците за живот е следствена економска реакција на лошите економски политики на владата, со најавените покачувања на даноците и зголемувањето на цената на акцизата за 3,5 денари, но и безидејноста на економски план и немањето проекти го прави своето.