Македонија,Економија

Раст за 7 отсто на БДП за една година

Раст за 7 отсто на БДП за една година

Бруто домашниот производ во минатата година изнесува 499.559 милиони денари.

Во однос на 2012 година бележи номинално зголемување за 7%, а реалната стапка на раст на БДП е 2,7%.

Државниот завод за статистика објави дека најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2013 година имаат секторите трговијата на големо и трговија на мало, поправката на моторни возила и мотоцикли, транспортот и складирањето, објектите за сместување и сервисни дејности со храна со 18,2 отсто.

Финалната потрошувачка во 2013 година, во однос на 2012 година, номинално расте за 3,7 проценти, а во структурата на БДП учествува со 89,6 проценти.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2013 година изнесува 43,8 проценти.