Расте билансот на жртви и повредени од експлозијата во Њујорк

Пет лица загинаа, а девет се водат како исчезнати во силна експлозија од која што се срушија две станбени згради на Менхетн, соопшија американски претставници.

Во експлозијата, за која што се верува дека ја предизвикало истекување на гас, се повредени повеќе од 60 лица, а најмалку три од нив се деца.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, изјавил дека постои можност некои од лицата кои се водат како исчезнати, да си заминале од местото на несреќата.

Од силната експлозија биле скршени прозорците на зградите во другиот блок, а облак од чад го прекрил небото.

Експлозијата се случила околу 15 минути откако еден од станарите во соседството пријавил дека чувствува мирис на гас.