Економија

Расте бројот на блокирани сметки на граѓани и фирми

Расте бројот на блокирани сметки на граѓани и фирми

Вкупниот број на блокирани жиро сметки на фирми и граѓани во мај годинава бележи пораст. Според податоците од Народната банка на Македонија, во мај година биле блокирани вкупно 182.879 жиро сметки на граѓани и фирми. Од нив 62.548 се сметки на фирми, а останатите 120.331 се блокирани сметки на граѓани. Споредено со претходниот месец април, бројката бележи пораст – тогаш биле блокирани вкупно 182.055 жиро сметки, од кои 119.033 биле блокирани сметки на граѓани, а останатите на фирми, пишува порталот „Фактор“.

Во мај 2013 година биле блокирани вкупно 156.422 жиро сметки, или 26.457 сметки помалку од истиот месец годинава. Од нив, 95.847 биле блокирани сметки на граѓани, а 60.575 на фирми.

Главна причина за блокираните сметки на граѓаните биле поради извршни решенија за неплатени сметки за струја, парно, вода, радиодифузна такса, рати за кредити.