вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 34

Расте бројот на големи даночни обврзници

Нови 170 компании станаа корнисници на Дирекцијата за големи даночни обврзници на Управата за јавни приходи (УЈП), со што бројката се искачи на вкупно 435 корисници на услугите на оваа Дирекцијата, кои создаваат 44,42 проценти од приходите во Буџетот на РМ. Корисници се компании од нафтена индустрија, енергетскиот сектор, металургијата, банките, осигурителни и лизинг комлпании, јавни претиријатија, како и компании кои вршат општествено значајни дености и странски инвестиции кои работат во ТИРЗ.

обврзници

Поврзани вести

Бројот на фирми кои се квалификуваат како големи даночни обврзници е за три пати поголем од 2006 година кога беше формирана Дирекцијата. Ова говори доволно за развојот на капацитетите на Дирекцијата но и за економскиот развој на земјата, рече министерот за финансии Кирил Миноски денеска на Конференција организирана по повод влегувањето на новите даночни обврзници во оваа Дирекцијата.

Тој додаде дека големите претпријатија имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата. Како што истакна, тие се креатори на голем број работни места, носители на технолошкиот прогрес, на извозот и растот на БДП.

Миноски истакна дека во изминатиот период се направени голем број реформи за поедноставување на стопанисувањето во оваа сфера и оти бројот на процедури за плаќање на даноците од 54 во 2006 се сведени на седум процедури, а ефективната даночна стапка од 40 проценти е намалена на 13 проценти.

Времето, посочи Миноски, за плаќање даноци е далеку пониско од просекот на земјите од Европа и Централна Азија и просекот на земјите на ОЕЦД. Плаќањето даноци се врши целосно преку електронски систем со што постапката освен што е значително поетноставена, таа е и доста поефикасна и поефтина.

Од 2006 година, додаде министерот за финансии, е воведен концептот на рамен данок и се намали стапката  на персонален данок на доход и на добивка на 10 проценти, кој не се промени и во време на светската економска и должничка криза и во време на внатрешно-политичката криза.

Дирекцијата, како што рече директорката на УЈП Анастасија Илиеска бележи континуиран раст на корисници која денес изнесува 435, споредено со 2006 година кога броеше 133 корисници.

Според Илиеска, Дирекцијата на корисниците им нуди проактивен пристап,  партнерски однос, континуиран монтиринг и доброволна усогласеност.

Ние сме целосно транспарентни и креираме политики со кои сакаме да постигнеме уште поголема ефикасност. Наша задача е да ги поедноставиме процедурите, да ги совладуваме секојдневните економски предизвици и при тоа да градиме партнерски однос со обврзниците, рече Илиеска, додавајќи дека корисниците во Дирекцијата можат да добијат успешна деловна соработка и ефикасна комуникација.

Дирекцијата за големи даночни обврзници работи од крајот на 2006 година, а директорот Оливер Дерковски потенцира дека најголемиот дел од платените даноци е на доброволна основа.

Меѓу новите големи даночни обврзници е „Агриа“ од Велес. Според Јадранка Калаузарова очекуваат успешна соработка и поддршка од Дирекцијата.

Ова е Дирекцијата со која побрзо и поефикансо ќе соработуваме и која ќе ни ги дава побрзо и поефикасно услугите, вели Калаузарова.

Најчитани вести