Расте бројот на малолетници-криминалци

Македонија во 2013 година  бележи зголемување на детското престапништво за 19 отсто, споредено со 2012 година, се наведува во Годишниот извештај за работата на Државниот совет за детско престапништво за 2013 година,  објави МИА.

Во 2013 година стапката на вклученост на малолетници во криминалот изнесува 1.405 на 100.000 малолетници, а се однесува на малолетници од 14 до 17 години. Оваа стапка е пониска во споредба со Хрватска, Бугарија и Словенија, а е повисока од Србија.

Лани, во споредба со 2012 година, во Велес е зголемен бројот на деца кои се во судир со законот за 106 отсто.

Претседателот на Државниот совет за детско престапништво, Миле Гиновски посочи дека од вкупно 85 општини во Македонија, досега 70 не ја исполниле својата законска обврска за формирање локални совети.