четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Расте бројот на починати од труењето со алкохол во Сибир

Од викендот досега од течноста за отруле 117 лица, од кои 71 починало, изјави портпаролката на канцеларијата на Министерството, Татјана Лебедева.

brza-pomos-sibir

Последни вести

Билансот на починатите од труење со алкохол во рускиот град Иркутск во Сибир денеска достигна 71 лице, соопшти локалната канцеларија на Министерството за здравство.

Жителите на Иркутск се отруле пиејќи лосион за капење, кој во себе содржи метил алкохол.

– Од викендот досега од течноста за отруле 117 лица,  од кои 71 починало, изјави портпаролката на канцеларијата на Министерството, Татјана Лебедева.

Според властите на етикетата јасно било посочено дека козметичкиот препарат не е за пиење, бидејќи содржи метил алкохол, токсична состојка, која често пати се користи како антифриз, но сепак препаратот понекогаш се конзумира како алкохол поради ниската цена.

Цената на вотката во малопродажба е недостапна за милиони сиромашни жители на Русија, особено во руралните области, каде стандардот е мошне низок. Се смета дека околу 25 милиони лица во Русија не располагаат со доволно приходи за да купуваат легален алкохол.

Рускиот претседател Владимир Путин побара вчера да бидат воведени ограничувања на продажбата на алкохолните супститути, како фармацевтските препарати или козметичките средства со цел да се намали нивната консумација.

Најчитани вести