Расте бројот на разводи, се намалуваат склучените бракови

Повеќе разводи отколку склучени бракови минатата година во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани се склучени 13.813 бракови кои се за 1,2 отсто помалку од претходната година, а разведени се 2.210 што е за 8,1 отсто повеќе во однос на 2013 година. 

Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август, 13,2 отсто, а најмалку во март, 5,8 отсто. Жените најчесто стапуваат во прв брак со 92,7 отсто и мажите со 90,6 отсто. Во втор и трет брак почесто стапуваат мажите. Од вкупниот број бракови во 8,7 отсто мажите стапиле во втор а во 0,7 отсто склучиле трет брак.

Просечната возраст при склучување на прв брак е 26 години за невестата и 28,8 години за младоженецот.

Најмалку разводи имало во август 3.0 отсто, а најмногу во декември 11,2 отсто.

Според возраста на сопругата, најголем број разводи се случиле во старосната група од 30 до 34 години, a за сопругот во старосната група од 35 до 39 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.